СДСМ вети бесплатно здравство

by fokus

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, на првиот митинг во Приле, ја презентираше Програмата на СДСМ и коалицијата за живот во Македонија.

Тој најави економски реформи како враќање на ДДВ-то, зголемување на минималната плата и неповратни грантови за млади за почнување бизнис. Заев за по изборите најави и бесплатно здравство.

-Ќе има живот во Македонија ќе има за сите. Ова е план базиран на наука на историја на факти. Главна цел на новата Влада ќе биде парите да ги врати во семејните буџети на секој од вас, граѓаните – рече Заев.

На крајот, лидерот ги повика носителите на шесте изборни единици да се качат на сцената и заедно ги поздравија присутните.

-Пенкалото е кај граѓаните на Македонија! Тие на 11-ти Декември ќе изберат живот во Македонија! Режимот ќе падне на изборите! – порачаа од СДСМ.

Поврзани новости