СДСМ: Пресудите против градоначалниците Ристески и Панов се доказ за децениското коруптивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Судските пресуди против градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески и Александар Панов се првите институционално потврдени докази за децениското криминално, коруптивно и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ на секое ниво на власт, велат од СДСМ откако судовите ги осудија за виновни поранешните градоначалници на Прилеп и Кавадарци.

„ВМРО-ДПМНЕ има веќе двајца градночалници кои се осудени за несовесно и неодговорно владеење, а уште еден градоначалник, Владимир Талевски е првоосомничен во случај на Специјалното јавно обвинителство за сторен криминал тежок 360.000 евра, пари на граѓаните. По ова, логично се поставува прашањето уште колку криминалци градоначалници има во редовите на ВМРО-ДПМНЕ? Уште колку локални шерифи краделе од граѓаните и кој од  градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ крадел најмногу од граѓаните и државата? Очигледно е дека градоначалниците Панов, Ристески и Талевски ревносно го следеле примерот на нивниот лидер Никола Груевски кога во прашање било незаконското работење и криминално богатење. Очигледно е дека коруптивното, расипничко и неодговорно владеење на ВМРО-ДПМНЕ освен на централно, се случувало и на локално ниво “, велат од СДСМ.

Поврзани новости