СДСМ поднесе иницијатива со 67 потписи за продолжување на конститутивната седница

by fokus

СДСМ утринава ја поднесе иницијативата за свикување на продолжението на конститутивната седница на Собранието. Генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски, изјави дека за да нема изговори и дилеми околу парламентарното мнозинство, доставиле 67 потписи, иако Деловникот тоа не го налага.

-Со поднесувањето на иницијативата се срушени сите дилеми околу новото парламентарно мнозинство. И покрај тоа што нема законски предвиден рок до кога господинот Трајко Вељаноски треба да одговори, сепак се надеваме дека ќе биде на висина на задачата и одговорноста на својата функција и веднаш ќе ја свика конститутивната седница, која еднаш беше прекината, рече Спасовски.

Тој одговори дека СДСМ се уште нема предлог за претседател на Собранието и дека сите предлози ќе ги разгледуваат дополнително.

Поврзани новости