СДСМ побара ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од одолговлекувањето на разрешувањето на Зврлевски

by fokus

Координаторот на пратеничката група на СДСМ,  Томислав Тунтев, упати апел до пратениците од опозицијата да се откажат од дискусија со цел оваа точка побрзо да се затвори и со разрешувањето на Зврлевски да почнат најавените реформи во правосудството.

-Ве повикувам да го направите тоа, по примерот на колегите од парламентарното мнозинство. Да ја сведеме оваа дискусија на нормално, час поскоро да ја затвориме оваа точка затоа што реформските процеси ги очекуваат граѓаните, но и меѓунарондата јавност која ни дава поддршка за отпочнување на процесите. Им благодарам на колегите од опозицијата кои беа конструктивни и се одзваа на повикот, рече Тунтев.

На ова Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ одговори дека не може да се очекува конструктивност од опозицијата доколку мнозинството не соработува.

Поврзани новости