СДСМ: Партизацијата на државата беше главна одлика на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Партизацијата на државата и злоупотребата на институциите беше главна одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кое од Македонија направи партизирана и заробена држава, реагира СДСМ на денешните обвинувања од опозицијата.

-Најочигледен пример за тоа беше партизацијата на Министерството за внатрешни работи што ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски го претворија во МВРО-ВМРО. Владата предводена од СДСМ почна процес на ослободување на заробените институции од страна на ВМРО-ДПМНЕ, нивна професионализација и функционирање единствено во интерес на граѓаните и на државата. Владиниот реформски план „3-6-9“ обезбедува независни, слободни и ефикасни државни институции кои наместо сервис на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, ќе станат вистински сервис на граѓаните, за никогаш повеќе да не се повтори масовната партизација што ВМРО-ДПМНЕ ја правеше цели 11 години, стои во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости