СДСМ оптимисти дека ќе формираат влада

by fokus

-Раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора да прифати дека нема да има амнестија за нивниот криминал, порачаа Социјалдемократите во пресрет на доаѓањето на европските дипломати.

Домашната и меѓународната јавност знаат дека постои само еден документ на граѓаните на Република Македонија, тоа е Програмата на новата реформска Влада, велат од СДСМ.

Од партијата сметаат дека Никола Груевски и раководството на ДПМНЕ, ја водат политичката криза кон ескалација, за да се спасат од одговорност за криминалот. Сепак, од партијата се оптимисти дека кризата ќе се реши по институционален пат и дека ќе формираат нова влада.

-Македонија ќе оди напред. Ќе има продолжение на конститутивната седница на Собранието, нов претседател на Собранието, мандат за составување Влада и нова реформска Влада- велат од СДСМ.

Поврзани новости