СДСМ: Недозволиво е граѓаните да бидат заложници на Груевски

by fokus

Недозволиво е граѓаните и Република Македонија да бидат заложници на стравовите на Груевски. Низ институциите на системот, ќе биде избран новиот претседател на Собранието и тој ќе го извести Ѓорге Иванов дека е должен веднаш да му го даде мандатот на претседателот Заев, за состав на новата влада, соопшти СДСМ.

-На Македонија ѝ е потребно брзо решение на политичката криза. Нема да дозволиме поединци вмешани во криминал да ја дестабилизираат Македонија и да ги вовлекуваат во опасност граѓаните и нивните семејства. Сите политички партии и институции мора да им отворат пат на демократските процеси во Македонија, бидејки тоа е избор на граѓаните. Домашната и меѓународната јавност очекуваат државничко однесување од страна на Собранието на Република Македонија и од страна на институцијата претседател на државата, кои мора да овозможат составување нова влада, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека недозволиво е, Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да ја негираат мнозински изразената волја на граѓаните на избори.

-Недозволиво е и да лажат по медиумите под нивна контрола и да ги вознемуруваат граѓаните со етнички прашања што не се содржани во програмата, да поттикнуваат меѓунационална омраза и нетрпелливост, во обид за спас од личната одговорност за криминалите и злоделата вршени изминатите 10 години“, соопшти СДСМ.

Поврзани новости