СДСМ: Не е дискутирано за закон со кој ќе се забранат бомбите

by Фокус

Петре Шилегов од СДСМ демантираше дека законот за мораториум на бомбите е дел од договорот од Пржино и нагласи дека не било ни дискутирано за ваков закон.

-Ова е обид да го нарушат преговарачкиот процес, но СДСМ тоа нема да го дозволи. Секојпат кога владеачките партии треба да голтнат кнедла која го разбива нивниот систем на корумпирано владеење се случува ваков упад во преговарачкиот процес. Ако се сеќавате еден ден пред изборот на Специјалниот јавен обвинител имаше скандалозни судски решенија во однос на прислушкуваните разговори, рече Шилегов.

Тој додаде дека СДСМ не верува дека предлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за мораториум на бомбите ќе биде изгласан во Собранието и рече дека со овој предлог, владејачката партија признала дека скандалозната содржина на телефонските разговори е автентична.

-Поднесувањето на законот од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за според, Никола Груевски, лепените, сеченети и монтираните материјали одеднаш ги направи не било какви, туку прислушувани кои треба со закон да се забранат. Нема поголемо јавно признание на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за автентичноста на скандалозната содржина од снимките. Со овој потег признаваат дека се ислашени од материјалите, изјави Шилегов.

Поврзани новости