СДСМ: Место панорамско тркало, да се гасифицира Скопје

by fokus

Опозициската СДСМ денеска побара да запре изградбата на панорамското тркало во Вардар, кое ќе чини 20 милиони евра, а тие пари да се искористат за гасификација на главниот град.

-СДСМ и опозицијата бараат веднаш да запре изградбата на панорамското тркало и овие средства кога веќе се добиваат од државата да се пренаменат за гасификација на Скопје или пак за изградба на подземната сообраќајница, изјави Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Тој образложи дека со ребалансот на буџетот се намалуваат средствата за македонското здравство за 9.4 милиони евра, се намалува поддршката за земјоделствово – за 15 милиони евра, а има и помалку пари за железницата и тоа за преку 20 милиони евра и праша зошто во вакви услови да се потрошат 20 милиони евра за панорамско тркало.

Поврзани новости