СДСМ: Медиумите што не поврзуваат со СЈО ќе го докажуваат тоа на суд

by Fokus

Курирските медиуми повторно одработуваат за власта на обвинетиот Никола Груевски пласирајќи шпекулации кои немаат апсолутно никаква врска со вистината, реагираат од опозицискиот СДСМ.

– Намерите им се да го дискредитираат СЈО зашто знаат какви криминали правеле и знаат дека правдата ги стига. Со објавување наслов кој на никаков начин не е поткрепен во текстот, куририте прават тешка клевета за наводна поврзаност на СДСМ и СЈО, и за наводно финансирање на кампањата со пари од обвинителството. Сите овие медиуми ќе мора на суд да објаснат зошто ги пишуваат овие лаги – се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости