СДСМ: Лажните проекти на Груевски нема да го залажат охрабрениот народ

by Фокус

Додека цела Македонија е на нозе, во одбрана на правдата, за враќање на слободата и демократијата Груевски е во кампања за непостоечки избори коишто нема да се случат на 5-ти јуни, реагираат денеска од СДСМ.

-Нема избори без прочистен Избирачки список, без реформи во медиумите, без одвојување на партијата од државата.Новите лажни, виртуелни проекти на Никола Груевски не можат да го залажат охрабрениот народ кој се бори за слобода и демократија на улиците ширум Македонија, се вели во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ велат Груевски да не се надева дека ќе се спаси од одговорноста со нарачаната аболиција кај Ѓорге Иванов и дека секој што го прекршил законот ќе одговара.

Поврзани новости