СДСМ: Кој сѐ знаел, а задоцнил со реакција за опасната бактерија листерија?

by Фокус

Дали најавата од министерот за кривична против непознат сторител, за последиците од бактеријата листерија, е панична ограда од пропусти кај надлежните институции? Дали можеби има задоцнување во реакцијата на надлежните од појавувањето на првиот случај, праша денеска на пресконференција во Битола, доктор Гоце Чакаровски член на Централниот одбор на СДСМ.

– Четири жртви од бактеријата навистина е аларм. Но зошто се молчело, по првиот случај со смртоносни последици? Оттогаш се поминати месец и половина, коишто однесоа уште три човечки животи, меѓу кои и на новороденче. Кој сѐ знаел што се случува? Овие прашања ги отвора оваа Информација за пријавени заразни заболувања (н.з. види галерија) со докажан причинител листерија, во периодот јуни – јули. Подготвена е од Секторот за превенција и контрола на заразните заболувања, Одделение за следење и надзор над заразните болести. Од Информацијата произлегува дека се почнува со еден случај во март, еден во мај, а зголемување на бројот на заболени е регистрирано од 1 јуни – објасни Чакаровски.

Тој информираше дека Комисијата за заразни болести се состанала на 10-ти јули и тогаш, тоа значи пред повеќе од две недели, се донесени заклучоци.

– Токму тие заклучоци упатуваат на сомнеж за затајување на надлежноста на институциите. Во заклучоците е констатирана „висока стапка на смртност“ од бактеријата!Кои се институциите до коишто бил испратен овој документ и дали е постапено по него? СДСМ изразува загриженост за начинот на реагирање на повиканите органи за вакви ситуации. Бараме одговори и одговорност од државните институции, наместо формални најави за кривични пријави, кон непознат сторител.

Поврзани новости