СДСМ: Кој лаже Попоски или Вељаноски?

by Фокус

Доволно да ги слушнеме комплетно спротивните изјави на Никола Попоски и на Трајко Вељаноски и ќе стане јасно зошто Македонија запре на патот кон ЕУ, изјави денеска Лидија Димова, претседателка на Комисијата за европски прашања на СДСМ.

– Прво Трајко Вељаноски тврдеше дека неучеството на опозицијата во Собранието не влијае на одлуката за препораката и дека препораката е зачувана. Сега Никола Попоски не плаши дека препораката ја губиме. Кој кого го лаже? На клучна тема од којашто зависи развојот и иднината на Македонија, власта си тера ситна политика – смета Димова.

Според неа, за можноста Македонија да ја изгуби препораката, Никола Груевски прстот може да го впери само кон себе: за падот од 86 места по слобода на медиуми, за партизираното судство, за непостоење раздвоеност на државата од партијата, за заплашувања и притисоци врз администрацијата, за немање институционални капацитети во Македонија за расчистување на нерегуларностите од изборите.

Поврзани новости