СДСМ: Клучните институции ќе работат до 20 часот

by fokus

Клучните институции за граѓаните ќе работат до 20 часот, а граѓните своите обрвски во институциите ќе можат да ги завршуваат и по работното време, ветуваат денеска од СДСМ.

-Инситутициите кои имаат значителен обем на работа, а во кои граѓаните остваруваат клучни права ќе работат во две смени, односно до 20 часот за да можат навремено да ги обезбедат услугите за сите граѓани подеднакво. Со тоа ќе им овозможиме на граѓаните лесно, брзо и ефикасно да ги завршуваат своите обврски кон државата.Граѓаните нема како што е сега, да мора да земаат слободен ден за да ги завршат обврските или да ги молат своите претпоставени за да излегуваат од работа.
Двосменското работење на клучните институциите ќе го спроведеме уште во првите 6 месеци од мандатот. Дражавата и институциите ќе работат исклучиво во служба на граѓаните.  Со тоа ќе ги отстраниме гужвите и турканиците пред шалтерите, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости