СДСМ: Ќе го укинеме екстерното тестирање на првата владина седница

by fokus

СДСМ ќе го укине екстерното тестирање на првата владина седница, откако на следните фер избори ќе ја добие одговорноста од граѓаните да ја води државата, реагираат денеска од СДСМ.

-Заедно со сите засегнати субјекти ќе усогласиме образовен систем по вистински успешен европски образовен модел, применлив за нашата земја. Евалуации ќе има, но само заради стандардизирање на квалитетот на образованието од Дебар до Берово и од Гевгелија до Куманово. Без оценки, без казни и без стресови. Еве, после 5 години од воведувањето на квази проектот на оваа власт наречен екстерно тестирање, нема ниту една релевантна образовна анализа, што со него добија учениците и образованието во целост, изјави претседателот на Комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов.

Тој додаде дека оценките од небулозното екстерно тестирање не смеат да се внесуваат во свидетелствата на учениците, туку тие треба да бидат поништени.

Поврзани новости