СДСМ ќе ги повлече и членовите од ДИК?

by Фокус

На вчерашната прес конференција, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека најверојатно неговата партија ќе ги повлече и двајцата членови во ДИК.

-Утре имаме состанок со нив уште еднаш да ги видиме сите аргументи и факти. Ние ја следевме јавната седница. Знам дека понатаму продолжуваат контактите, комуникациите и слично. Ќе ги видиме сите факти и аргументи кои се на располагање и секако една од поизвесните одлуки е нивно повлекување, но штом ќе ја донесеме одлуката веднаш ќе ве информираме, рече Заев.

И без членови од СДСМ, ДИК би имала мнозинство за одлучување. Членовите на ДИК ги избира Собранието кое е веќе распуштено.

Поврзани новости