СДСМ ќе ги бојкотира изборите

by Фокус

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на прес конференција предмалку соопшти дека СДСМ нема да учествува на изборите на петти јуни.

-Без слободни избори нема слобода. Еден човек, еден глас. овој принцип требаше да се обезбеди со договорот од Пржино. Никола Груевски го крши договорот. Зборот навистина е збор. Во име на демоктратијата СДСМ нема да учествува на овие лажни избори, рече Заев.

Претходно Собранието се распушти на седница на која не присуствуваше опозицијата.

Поврзани новости