Владејачката СДСМ заедно со уште 21 партија вечерва потпишаа договор за заеднички настап на претстојните локални избори, односно формираа предизборна коалиција. Пред потпишувањето, се обрати лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев.

-Нашата коалиција засега брои 22 партии. дДенеска ќе потпишеме договор со кој формираме предизборна коалиција со која ќе настапиме заеднички на локалните избори. Живот во Македонија за сите, рече Заев пред потпишувањето.

На коалицијата на СДСМ и се придружија и Обединети за Македонија и Достоинство.

 

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.