СДСМ: Груевски се плаши што ќе открие Заев по посетата на Израел

by Фокус

Што ќе открие посетата Зоран Заев по средбите во Израел е болката на премиерот во заминување Никола Груевски, соопштија од СДСМ.

„За жал на Груевски, претседателот Заев во Израел имаше успешни средби по планирана агенда и бројни дополнителни средби надвор од договорената агенда, за што известија и медиумите. Доаѓа моментот кога Груевски ќе разбере што не му е јасно“, стои во соопштението на социјалдемократите.

Премиерот Груевски вчера на Канал 5 телевизија изјави дека лажењето на Заев во врска со посетата на Израел се срам за Македонија и воедно им наштетила на односите меѓу двете држави.

Поврзани новости