СДСМ: Груевски не може веќе да бега од регуларни избори

by fokus

Никола Груевски и неговите соработници не можат повеќе да бегаат од регуларни избори, реагираат денеска ос СДСМ.

-Никола Груевски не може веќе ни самиот да се излаже. Не само граѓаните на Македонија, туку цел свет виде кој бега од регуларни избори, кој не сакаше чист Избирачки список, кој не сакаше објективно известување, кој се обиде да крати ингерениции на министерот за внатрешни работи надевајки се дека ќе го врати МВРО на изборите преку што власта на ВМРО-ДПМНЕ крадела избори, се вели во соопштението.

Од СДСМ додаваат дека во декември ќе има регуларни избори на коишто граѓаните помеѓу Груевски и Македонија ќе ја избереле Македонија.

Поврзани новости