СДСМ: Груевски ги призна доказите од „Вистината за Македонија“

by Фокус

Опозициската СДСМ испрати реакција по повод реизборот на Никола Груевски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ во која вели дека Груевски на партискиот конгрес ги признал доказите од „Вистината за Македонија“.

-Ги призна Груевски доказите од проектот Вистината за Македонија, што го разобличија неговото вистинско, сурово и криминално лице.
Ги призна и катастрофалните политики, што не успеа да ги покрие со честите менувања на законите, коишто направија ршум во сите области. Го призна и апсурдниот проект Скопје 2014, што однесе над 600.000.000 евра во џебовите на фамилијата, стои во реакцијата на СДСМ.

Тие велат дека Никола Груевски „видел колку е часот“, па затоа се скрил од граѓаните и конгресот на кој беше избран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ го закажал за време на празник и продолжен викенд.

Поврзани новости