СДСМ: Градоначалници од ВМРО ќе одговараат пред суд и на избори

by Фокус

Резултатите од расипничкото владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на централно и локално ниво изминативе години се корупција, криминал, расипништво, криминално богатење на поединци од поранешната власт на сметка на осиромашените граѓани, обвинуваат од СДСМ.

„По криминалните стапки на Никола Груевски очигледно тргнале и дел од градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Доказ за тоа се пресудите против градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој е осуден затоа што работел на штета на општината и граѓаните, како и пресудата за градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, кој противзаконски со црни пари купувал гласови. Против градоначалникот на Битола, Владимир Талески, е покренато обвинение во случајот Транспортер’ каде што е првообвинет за криминал тежок 360.000 евра“, велат од СДСМ.

Од владејачката партија порачуваат дека на локалните избори градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се соочат со својата политичка одговорност, а оние што работеле противзаконски и со кривична одговорност.

Поврзани новости