СДСМ: Енергетски ваучери за струја и затоплување

by fokus

Од СДСМ денеска најавија дека уште во првите шест месеци од формирањето на новата влада ќе се посвета на борбата против огромната сиромаштија. Како што велат, за никогаш повеќе да нe се повторат сликите на премрзнати граѓани во студени домови, најзагрозените семејства ќе добиваат енергетски вауери.

-Со енергетските ваучери, овие семејства ќе можат да ги плаќаат сметките за електрична и топлнинска енергија. Енергетскиот ваучер значи дека државата покрива дел од трошоците за струја и затоплнување, за природен гас или за огревни дрва. Ваучерите ќе бидат достапни за граѓаните кои ќе бидат опфатени со новиот Закон за енергетска сиромаштија, информираат од партијата.

Оттаму појаснуваат дека енергетските ваучери се меѓу приоритетните мерки во Планот за живот за првите шест месеци од мандатот, со коишто ќе обезбедат достоинствен и квалитетен живот за сите.

-Поради нискиот животен стандард и високите цени на огревното дрго и електричната енергија, илјадници граѓани оваа зима едвај ги преживуваат зимските денови. Недозволиво е во 21-иот век да умираат луѓе поради студ, или бебиња да се раѓаат и да живеат во темни домови. Македонија е социјална држава според Уставот и државата е должна да се грижи за сите граѓани.Затоа, итно е потребна нова Влада на граѓаните на Македонија којашто ќе води реални политики и ќе работи во интерес на граѓаните. Од оваа 2017 година почнуваме да го создаваме животот што го избравме“, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости