СДСМ: ДПМНЕ трошеше пари на лажен барок и криминални тендери, а остави 500.000 граѓани во сиромаштија

by Fokus

По серијата партиски реакции и обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ околу најавата за преполовување и практично укинување на економските промотори, се јави и СДСМ во одбрана на своите политички одлуки.

Според нив, ВМРО-ДПМНЕ досега ги занемаруваше потребите на компаниите,така што во иднина ќе има поддршка и за домашните и за странските инвестиции.

„Децениското криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, нанесе огромни штети врз економијата и остави околу 500 000 граѓани да живеат под прагот на сиромаштијата, додека раководството на ВМРО-ДПМНЕ екстремно се богатеше – се наведува во партиската реакција.

Резултатите од политиките на привлекување странски инвестиции на претходната Влада беа поразителни. Скапо платените економски промотори освен што трошеа пари на граѓаните за нивни и прошетки на нивните блиски низ светот, не ги постигнаа очекуваните резултати. Доказ за тоа се и бројните наводни индустриски зони што и денес се само празни и оградени ливади, како и фактот дека Македонија со години наназад е една од земјите со најмалку странски инвестиции во регионот.

Наместо да работи на континуирано подобрување на конкурентноста, ВМРО-ДПМНЕ ги трошеше парите на граѓаните на лажен барок, криминални тендери и скапо платени советници, занемарувајќи ги потребите на граѓаните и компаниите.

Поврзани новости