СДСМ: ДПМНЕ ги трошеше парите на граѓаните за лажен барок, споменици, ЛЕД екрани и криминално богатење на поединци

by Fokus

Преку расипничкото и криминално владеење, ВМРО-ДПМНЕ го направи најголемото задолжување кога парите на граѓаните ги трошеше за лажен барок, споменици, ЛЕД екрани и криминално богатење на поединци на сметка на осиромашените граѓани и држава, реагираа од владејачката СДСМ.

– За разлика од таквиот расипнички однос кон парите на граѓаните, Владата предводена од СДСМ ги рационализира трошоците, ја раздолжува државата и ги враќа парите назад кај граѓаните. За само еден месец Владата предводена од СДСМ врати долгови од 122 милиони евра, а вкупниот долг го намали за околу 55 милиони евра. Со ребалансот на Буџетот се кратат непотребните трошоци со што се ослободуваат средства за поддршка на домашните претпријатија за зголемување на минималната плата на 12 000 денари веќе од септември – се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости