СДСМ: ДПМНЕ ги трошеше народните пари на луксуз, криминални тендери, споменици и лажен барок

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ 11 години неконтролирано ги задолжуваше граѓаните, а парите од скапите кредити ги трошеше на луксуз, криминални тендери, споменици и лажен барок и на тој начин направи јавен долг од над 50 отсто од БДП, реагираат од СДСМ.

„Наместо таквиот расипнички однос кон парите на граѓаните, Владата предводена од СДСМ одговорно управува со државните пари. Со празните обвинувања за наводно трошење на девизните резерви ВМРО-ДПМНЕ покажува основно непознавање на управувањето со финансиите бидејќи се работи за плаќање преку единствената државна сметка на кредитите и достасаните рати за старите долгови – се наведува во соопштението.

 

 

Поврзани новости