СДСМ демантира дека Заев одмарал во својата луксузна куќа во Грција

by Фокус

Ги демантираме лагите и измислиците на провладиниот „Курир“. Зоран Заев, како и секој македонски граѓанин, својот одмор го помина со закуп на простор, на своја сметка, се вели во реакцијата на СДСМ на текстот „Заев во Грција бил во неговата луксузна куќа?“ објавен на порталот „Курир“.

Партијата ја искористи оваа прилика уште еднаш да праша кој му го плаќа одморот на Груевски во Турција.

„Бидејќи лагите, измислиците и тенденциозните дезинформации кои ги пласира „Курир“ во споменатиот текст го нарушуваат угледот и честа на претседателот на СДСМ, Зоран Заев бараме извинување од порталот „Курир“ и повлекување на објавените невистини. Исто така бараме повлекување на објавените невистини и од сите медиуми кои ќе го пренесат спорниот текст. Бараме извинувањето да биде објавено на исто место и во ист обем како и спорниот текст. Во спротивно, ќе следува судска постапка“, се закани опозициската партија.

Поврзани новости