СДСМ: Барокното лудило на власта продолжува преку гувернерот Богов

by Фокус

Барокното лудило на власта на Груевски продолжува преку гувернерот Богов со нови над 35 милиони евра пари на граѓаните, реагираат денеска од опозициската СДСМ.

-Со над 35-те милиони евра за барокната зграда на НБРМ можат да се отворат 7 фабрики во вредност од по 5 милиони евра и да се обезбедат најмалку 7.000 работни места. Но, на Народна банка и дојде до луксузна барокна зграда тешка над 35 милиони евра додека:

-Секој нов ден носи нови 3 милиони евра долг на граѓаните

-Јавнииот долг достигна историски над 4 милијарди евра

-Секое бебе во Македонија се раѓа со долг од 2.000 евра, поради ваквите нелогични и расипани политики.

Распишаниот оглас за јавната набавка на НБРМ е нов, од 2016 година, се вели во соопштението на СДСМ.

Според СДСМ, ова само потврдува дека криминално – корупциската власт е заинтересирана само за тендери и пред заминување гледа да зграби што може од граѓаните.

-Секоја година расипничката власт на Груевски и Ставрески испумпува од Буџетот околу 400 милиони евра пари на граѓаните, за криминални зделки преку анекс договори. Затоа во Македонија над 500.000 луѓе живеат на работ на сиромаштија. Затоа 626.312 луѓе се иселија, главно млади, во потрага по егзистенција. Затоа над 50 проценти од младите се невработени. Ставаме крај на расипничките политики на Груевски и неговите соработници. Ќе мора да им ги вратат парите на граѓаните, велат од СДСМ.

Поврзани новости