СДММ: Ако власта не сака, ние ќе почнеме акција за спас на домот „Гоце Делчев“

by Фокус

-Доколку власта веднаш не почне со реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев“, Социјалдемократската младина ќе помогне со сиот свој човечки капацитет, ќе ги повикаме сите млади луѓе кои сакаат подобри услови, во една модерна акција за спас на домот, реагираа денеска од младината на СДСМ, СДДМ, откако вчера се сруши дел од таванот во студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Од СДММ велат дека безбедноста на студентите е загорозена, а власта 10 години не прави ништо за подобрување на условите. Од младината на СДСМ посочуваат  дека за евентуални несакани последици врз студентите од руините под коишто живеат, ќе бидат одговорни министерот за образование, Абдулаќим Адеми и Никола Груевски.

-Поскапени се продуктите во бонската продавница. Постојат големи рестрикции и недостаток на храна. Ако лебот минатата година чинел 40 бонови, сега е 70 бонови. Потребно пренасочување на народните пари од неразумните трошења во реалните потреби. Едноставно е, рекоа на денешната пресконференција од СДММ.

Поврзани новости