Савески: Со критики треба да ја спречиме новата власт да стане како онаа на Груевски

by fokus

Здравко Савески од Левица во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека народот бара од владата на СДСМ да види нешто различно, а не исто што и од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Но, тие си продолжуваат со практиките на претходната влада. Иако законот дозволува патување со бизнис класа, каде е тука моралот? Како може функционер од земја со толкава сиромаштија да патува со бизнис класа? Она што на претходната влада и го дозволивме е преголем грејс период на критика. Сега граѓаните имаат поголема критичка свест. Новата власт реагира на критиките, бидејќи не е дојдена до степенот на Никола Груевски. И токму со ваквите критики треба тоа да го спречиме, рече Савески.

Поврзани новости