Сашко Кедев: Кардиологија во моментот не може да гарантира безбедно лекување на пациентите

by Fokus

Кардиологот Сашко Кедев, поранешен директор на скопската Клиника за кардиологија во вчерашното гостување во ноќно студио на Телма телевизија истакна дека е деградиран во својата работна позиција на клиниката, со која претходно управувал.

„Сега сум вратен на позиција како пред 20-25 години. Сега сум обичен кардиолог специјалист. Има нов директор, нов раководител, кои не се меѓу првите 5 интервентни кардиолози. Тоа Филипче го знае, но ништо не презема. Ќе биде тешко во иднина да објасни дека потпаднал под политички притисоци за назнаување на кадри“.

Екс директорот додаде дека министерот Филипче треба да образложи дека добивал притисоци од врвот на Владата. „Си ја зема одговорноста на себе, а многу брзо ќе се врати во фелата“.

Слушаме за нов Клинички за огромни суми. Овие суми, овие макети кои ги гледаме не се суштината, не е суштината во циглите и макетите. Најважна е компететноста, стручноста на раководните лица. Сега назначени на позиции се маргинални луѓе, административци. Клиниката за Кардиологија не е во состојба да гарантира безбедно лекување на пациентите – додаде Кедев.

Поврзани новости