Самсоненко си заминува од Вардар 

Рускиот бизнисмен, Сергеј Самсоненко, најави дека си заминува од ФК Вардар по крајот на сезоната. Во писмо испратено до јавноста пишува дека сите три спортски клуба ќе им ги врати на поранешните сопственици во одлична состојба. Причина за ваквата одлука, пишува Самсоненко, се написите во медиумите против него и критиките кои ги добивал на социјалните мрежи.

„Вчеравечер се вратив во Скопје и бев длабоко вознемирен од сето она што го прочитав во медиумите, на социјалните мрежи, порталите…Првото прашање што си го поставив себеси беше со што јас и моите колеги од Вардар заслуживме вакви навреди?Долго време се воздржував да реагирам на навредите што ги пласираа против мене одредени медиуми и поединци… и сакам да кажам, доста е!Никогаш во животот не сум доживеал ваков линч, навреди и омаловажување какво што доживеав во изминативе денови“, стои во писмото на рускиот милионер.

Додава дека билетите за натпреварот Вардар-Фенербахче ќе се продаваат по единечна цена од 300 денари, без разлика на сектор или трибина.