Самитот во Црна Гора заврши со прес конференција

by fokus

Самитот на земјите членки на Јадранската повелба, што се одржува во Подгорица, Црна Гора попладнево беше заокружен со прес конференција.

Македонскиот премиер Зоран Заев рече дека редизвиците со кои се соочува регионот, се истите за сите народи низ светот.

-Денешните закани не познаваат национални граници. Не е само идеализмот она што ги води народите од регионот да се поврзат со останатите Европјани и не е идеализам кога бараме да споделуваме обврски во контекст на НАТО. Се работи за препознавање на нашите заеднички интереси кои ни покажуваат дека си требаме едни на други, изјави Заев.

Тој смета дека сите членки на повелбата треба да ја користат можноста самостојно и заеднички да го држат ова прашање на агендата на Алијансата. Само преку заедничка работа и заради бенефит на регионот, можеме да ги достигнеме нашите заеднички вредности и успешно да одговориме на заедничките закани и предизвици.

Поврзани новости