Самит за враќање на фокусот на ЕУ на Западен Балкан

by Fokus

Шест земји од Западен Балкан и седум членки на Европската унија на денешниот годишен самит во Трст ќе расправаат за зајакнување на врските на Унијата со регионот.

На самитот ќе му претходи средба на францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и италијанскиот премиер Паоло Џентилони.

Потоа европските претставници ќе се сретнат со лидерите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.

Европската унија планира на регионот да му додели грантови во вредност од 1,3 милијарди евра до 2020 година за проекти во енергетика, траспорт и животна средина.

Поврзани новости