Сами Љута, обвинет во „Монструм“ го напушти затворот во Шутка

by fokus

Сами Љута вечерва излезе од затворот во населбата Шуто Оризари, како прв од четворицата обвинети во случајот „Монструм“, за кој Врховниот суд денеска го укина притворот, јави „Порталб“.

При излегувањето бил поздравен со аплаузи од најблиските.

На обвинетите Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута им се определени други мерки за претпазливост, односно забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште, како и двапати неделно јавување во Основниот суд Скопје 1.

Поврзани новости