САД: Владата да преземе одговорност за можната злоупотреба на моќта

by Фокус

Владата да преземе одговорност за можната злоупотреба на својата моќ и да одговори околу содржината на објавените аудиоснимки со иста сериозност како што се и обвинувањата против лидерот на опозицијата, порача високиот функционер на американскиот Стејт департмент, Хојт Ји, кој е во посета на Македонија, поврзана со политичката криза настаната по избивањето ан аферата со прислушувањето.

Тој оддржа средба со премиерот Никола Груевски на која, како што рече, разговарал токму за најактуелното прашање – прислушувањето.

– Во нашиот разговор стана збор и за различните елементи и аспекти околу ова прашање, вклучувајќи ја и објавената информација за можна корупција на официјални лица, за можна несоодветна употреба на владиното влијание врз медиумите и судскиот систем и за можни изборни злоупотреби и други можни злоупотреби на моќта. Разговаравме и за важноста за надминување на оваа криза и за можноста владата да преземе одговорност за основните вредности и да им се врати на евроатлантските принципи – истакна Ли.

Заменик-помошникот државен секретар на САД во текот на утрешниот ден треба да се сретне и со опозицискиот лидер Зоран Заев, како и со албанските лидери, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Поврзани новости