САД по пресудата за Младиќ: Балканските земји заедно да изградат подобра иднина

by fokus

САД денеска ги повика балканските земји и народи заеднички да работат на изградба на подобра иднина, откако беше објавена пресудата на поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој беше осуден на доживотна затворска казна.

–Вашингтон ја поддржува важната работа на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија и ги почитува неговите одлуки, изјави портпарол на Стејт департментот, а пренесуваат американските медиуми.

-Ќе продолжиме да оддаваме почит на жртвите на ужасните злосторства направени на тлото на поранешна Југославија, додал портпаролот и повикал да се избегнува „секаква реторика која раздвојува“.

Поврзани новости