САД и ЕУ очекуваат денеска да се постигне договор за изборното законодавство

Дипломатските претставништва на САД и на ЕУ издадоа заедничко соопштение изразија жалење што напредокот постигнат на работната група не резултирал со конечен договор за изборната реформа и воедно ги повикаа четворицата партиски лидери да постигнат договор во текот на денешниот ден.
„Денот на изборите наближува. Оттаму, потребно е изборниот закон да биде увоен што е можно поскоро и неговата имплементација треба да почне, имајќи ги предвид изборите во април“, стои во заедничкото соопштение.