САД: Бегалската криза почнува да ја дестабилизира Европа

by Фокус

Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, вели дека мигрантската криза почнала да ја дестабилизира Европа. Ова тој го изјави за германскиот весник „Die Welt“.

-Сегашните настани се доказ дека последиците од насилството во Северна Африка ги погодуваат  не само директно погодените региони. Тие почнуваат да имаат дестабилизирачки ефект врз другите делови на светот. Кон Европа, рече Ернест.

Тој изрази жалење  за злоупотребите на шверцерите, кои заработуваат на грбот на очајните луѓе и додаде дека во секој мигрант треба да се бара човечкото, без разлика дали е бегалец или бара азил.

Поврзани новости