Латас денеска на суд за даночно затајување

by fokus

Во Кривичниот суд за денеска е закажано рочиште за предметот „Тотал“ на СЈО, во кој за даночно затајување е осомничен новинарот Драган Павловиќ-Латас.

Минатото рочиште беше одложено поради тоа што осомничените фирми, чиј управител е Павловиќ, немаа правни застапници. Судијката му укажа на обвинетиот дека за правни застапници може да ги постави неговите адвокати, во спротивно судот ќе му додели по службена должност.

Предметот „Тотал“ се однесува на даночно затајување. Латас како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и конслатинг услуги „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ Скопје, „Медиамакс“ и „Тотал Медиа Центар“ ДООЕЛ Скопје се товари дека во периодот од 2008 до 2015, за да одбегне плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давал лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а осомничениот за 63 илјади евра.

 

Поврзани новости