Шилегов го симна од раководна позиција главниот урбанист на ВМРО-ДПМНЕ

Разрешен е раководителот на секторот за планирање и уредување на просторот во Град Скопје, Александар Јанакиески, кој важи за главен урбанист на ВМРО-ДПМНЕ. Неговото место денеска ќе биде пополнето откако градскиот Совет ќе се произнесе за одлуката за преземање на вработени од други институции.

Јанакиески е главно лице за урбанистичко и просторно планирање во Град Скопје од 2013 година. До тогаш ја држеше истата функција во Општина Центар, но по промената на власта во оваа општина и доаѓање на власт на Андреј Жерновски, премина во администрацијата на Коце Трајановски.

Под палката на Јанакиески беа донесени крупните промени во Деталните урбанистички планови во Центар, со што се овозможи развојот и изградбата на проектот „Скопје 2014“. За неговите впишувања и маркички во плановите се расправаше на седници на општинскиот совет кои се одржуваа и после полноќ.

Јанакиески е братучед на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.