Казна од 45 евра за оние возила кои од утре нема да поседуваат зимска опрема

by fokus

Моторните возила и мобилните машини кои учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, информираат од Министерството за внатрешни работи повикувајќи се на член 361 став (1) од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

„Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови согласно со одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член“, велат од Министерството.

Имено, во правилникот по однос на потребната зимска опрема прецизирано е следното:

  1. Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира:

– зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од 4 mm.

– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Потоа, (2.) како зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 x 4 ) се подразбира:

– зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од 6 mm.

– пневматици со летен профил на сите тркала, со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 mm. ако во возилото во приборот има синџири за снег, и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

  1. Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг. се подразбира:

– зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите што газат по обем и широчина, од 6 mm.

– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од 4 mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

– автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и

– прирачен алат – лопата.

  1. Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „МЅ“, „М+Ѕ“, „М&Ѕ“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.
  2. Во согласност со овој правилник, во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.

 

 

Поврзани новости