Родителите успеаја, собрани 10.000 потписи за иницијативата за децата со посебни потреби

by fokus

Собрани се 10.000 потписи за иницијативата за донесување законски измени со кои ќе им се олесни животот на децата со посебни потреби. Родителите велат дека петицијата ќе остане отворена до петок, за да се соберат и повеќе потписи од потребните 10.000 за иницијативата да влезе во собраниска процедура.

-Не бараме преку леб погача, бараме само да преживееме, сакаме сите 120 пратеници да ги изгласаат законските измени, со цел полека да се решаваат нашите институционлани проблеми и да ни овозможат подобар живот, вели претседателот на невладина организација за деца со посебни потреби „Сплотени срца “, Зоран Мијалков.

Според родителите, еден од најтешките проблеми со кој се соочуваат е – што ќе се случи со овие деца по смртта на родителот, и велат дека имаат предлог како може да се реши ова прашање.

Поврзани новости