Ристовски: Зврлевски молчеше и го гледаше криминалот на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски го претставуваше обвинителството со молчење и не презема никаква активност за расчистување на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, рече денеака Оливер Ристовски, заменик министерот за правда, образложувајќи го во Собранието предлогот за разрешувањето на Зврлевски.

– За жал во Основното јавно обвинителство во периодот од јануари 2013-та година до денес го претставуваше личност која не ја почитуваше својата задача и не ја извршуваше доследно, рече Ристовски.

Тој додаде дека барањето за разрешување е во согласност со Законот за Јавно обвинителство.

-Кога се работи за Зврлевски, Владата смета дека се исполнети сите услови за разрешување. Тоа се јави како одговор на несовесното вршење на обвинителската дејност. Ако Зврлевски си ја вршеше совесно работата немаше да дојде до ова, рече Ристовски.

Поврзани новости