Ристоска: Очекувам обвинетите во „Тврдина 2“ да бидат осудени

by fokus

Специјалната јавна обвинителка, Ленче Ристоска, очекува осудителна пресуда за обвинетите во судскиот процес „Тврдина 2“, меѓу кои е екс началникот во УБК, Горан Грујевски, на кого му се суди во отсуство. Обвинителите од СЈО бараат најстрога казна за Грујевски.

-Очекувам да бидат осудени. Доказите кои ги приложивме упатуваат на нивна кривична одговорност – изјави Ленче Ристоска по денешното рочиште на кое беа изложени завршните зборови.

Во случајот се обвинети и шестмина вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање. Ристоска побара од медиумите нивните имиња да не се споменуваат во јавност. Сите обвинети се товарат за уништување службена документација поврзана со масовното прислушување.

Адвокатот на обвинетите, Љупчи Шврговски, изјави дека делото кое им се става на товар не постои во измените на Кривичниот законик и затоа не можат да се санкционираат за кривично дело.

Инаку, обвинетите се произнесоа дека не се чувствуваат виновни. Пред судот рекоа дека само слушале и извршувале задачи од чие исполнување им зависела работата, а со тоа и нивната животна егзистенција.

Пресудата за „Тврдина 2“ ќе биде соопштена во среда, на осми ноември.

 

Поврзани новости