Регионот и се закани на Хрватска со контра-мерки

by fokus

Министрите на четири балкански земји, вклучувајќи ја и Македонија, и поставија ултиматум на Хрватска, доколку не ги повлече дискриминаторските мерки за увоз на земјоделски производи, дека ќе одговорат на соодветен начин. На вчерашниот состанок во Сараево министрите се договориле дека секоја од земјите може да донесе адекватни контра мерки кон Хрватска.

Боцна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија побараа од Хрватска да го повлече спорниот Правилник со кој давачките за увоз на овошје и зеленчук се зголемуваат за 22 пати. Таксите за контрола на увоз сега наместо 12 евра, ги чинат земјоделците 274 евра.

Според хрватската Влада целта е да се заштита домашните производители од прекумерен увоз. Европската комисија, пак, апелираше до земјите да ги почитуваат трговските обврски.

Поврзани новости