Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед вечерва ќе се борат за титулата во УЕФА Суперкупот

by Fokus

Скопје денеска ќе биде во фокусот на вниманието не само на европската, туку и на целокупната светска фудбалска јавност.

Двете екипи пристигнаа вчера на аеродромот „Александар Велики“ од каде, под строги безбедносни мерки, беа превезени до хотелите во кои престојуваат, Реал Мадрид во „Александар Палас“, а Манчестер Јунајтед во „ТЦЦ Гранд плаза“. Македонските фанови ги пречекаа со овации и извици.

Двата тима денеска во 20:45 часот на „Телеком арената“ ќе се борат за титулата во УЕФА Суперкупот.

Поврзани новости