Разрешувањето на Зврлевски во ќорсокак: Нова едночасовна пауза

by fokus

По барање на пратеникот Зоран Илиески од ВМРО-ДПМНЕ, спикерот Талат Џафери даде нова пауза од еден час на седницата за разрешување на Марко Зврлевски.

Откако по истекот на претходната пауза продолжи седницата пратениците на ВМРО-ДПМНЕ веднаш побараа пауза од еден час, но Џафери даде 10 минутна пауза. По неа тој го повика собраниското обезбедување како реакција на тоа што, како што објасни, пратеник му ја земал картицата.

Кога обезбедувањето беше повлечено седницата продолжи, но потоа ВМРО-ДПМНЕ побара нова пауза.

Поврзани новости