Разрешување на Зврлевски попладне

by fokus

Наместо во вообичаениот термин во 11.00 часот денешната пленарна седница на која пратениците ќе гласаат по точката за разрешување на јавниот обвинител, Марко Зврлевски, ќе се одржи попладне. Од собраниските служби најавуваат дека на седницата за разрешување на Зврлевски ќе и претходи продолжение на друга седница на која меѓу точките е и предлогот за изменување на Законот за јавно обвинителство, предложен од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Одложувањето на седницата за неколку саати е поради најавените обврски на претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој ќе биде дел од активностите што се одржуваат по повод Денот на АРМ. Во Воениот музеј, ќе биде отворена изложбата посветена на Јубилејот „25 години Армија на Република Македонија“, на која ќе присуствува собранискиот претседател.

По завршување на Осмата седница на која има 28 точки, ќе продолжи Шестата седница на која по маратоснската дебата парламентот ќе одлучи за Зврлевски откако опозицијата во Собранието, предводена од ВМРО-ДПМНЕ одлучи да ја напушти дебатата.

Поврзани новости