Расте бројот на жени и деца мигранти

by Фокус

Бројот на жени и деца е 30 отсто од сите мигранти, информираат од УНИЦЕФ. Откако бегалската криза зема замав, овој број е во постојан пораст.

Пред околу три месеци бројот на жени и деца кои пристигнуваа во Гевгелија беше само од 5 до 10 отсто од мигрантите. Во моментов, тој број е 30 отсто, а се очекува да расте во наредниот период.

Во прифатниот камп кој беше изграден во Гевгелија има и посебна програма за децата, чија цел е тие да се анимираат, но и да им се помогне по долгото и трауматично патување додека да стигнат во Македонија.

Поврзани новости